09.02.2024 Скопје
Откако републиканците во Сенатот го отфрлија внимателно преговараниот договор за границата на нивниот колега, сенаторот Џејмс Ланкфорд, партијата повторно се најде во истата позиција во која беше пред неколку месеци.
Многумина сакаат да испратат пари во Украина, но најдобрата стратегија за тоа е спорна.
Како резултат на тоа, републиканците во Сенатот блокираа двопартиски пакет законодавства, чија цел беше да се намали рекордниот број на нелегални гранични премини на САД и да се вклучи итна помош од милијарди долари за Украина, Израел и американските партнери во индо-пацифичкиот регион.
Официјални лица од администрацијата на претседателот Џо Бајден со месеци работат со демократите и републиканците во Сенатот на законот, кој не ги доби потребните 60 гласови од сенаторите за усвојување.
Претходно, повеќето републиканци потврдија дека ќе гласаат против законот.
Според двопартискиот предлог-закон, Израел ќе добие 14 милијарди долари, 60 милијарди се наменети за помош на Украина, а 10 милијарди ќе одат за хуманитарна помош за цивилите во Украина, Газа и Западниот Брег.
Републиканците првично бараа промени во граничната политика во замена за помош за Украина, но го напуштија тој компромис веднаш по објавувањето на договорот за границата, сметајќи го за неадекватен. Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека ќе се обиде да го спаси пакетот за воена помош и ќе продолжи да се залага за гласање за помош од десетици милијарди долари за официјалниот Киев, Израел и другите сојузници на САД, но без легислативата за поефективна контрола на американските граници.
Засега не е сигурно дали доволен број републиканци ќе гласаат за продолжување на постапката за гласање на законот за воена помош, бидејќи за усвојување на таа процедура е потребно и мнозинство од 60 гласови во Сенатот.
Пакетот за помош од 60 милијарди долари за Украина е закочен во американскиот Конгрес со месеци поради зголеменото противење на конзервативците во Претставничкиот дом и Сенатот кои ја критикуваат одлуката на администрацијата на Бајден како расипничка и бараат стратегија за излез на Америка од војната. во Украина.
Во исто време, републиканците се многу сигурни за претстојните избори.
„Ќе ја победиме Западна Вирџинија, ќе го освоиме Охајо. Ќе ја победиме Монтана. Имаме одлични кандидати во секоја држава. Мислам дека Невада и Аризона се во игра. Уверен сум дека ние повторно ќе го освоиме Сенатот“, изјави сенаторот Марвејн Малин, републиканец од Оклахома.
Подготвено од А.Ѓ.