SONCEVI PANELI

15.02.2024 Скопје

Новите податоци на „Евростат“ откриваат дека од година на година се намалува учеството на енергија од обновливи извори во транспортот во нашата земја.

Ако во 2018 година учеството на енергијата од обновливи извори во транспортот изнесувало 0,118 проценти од вкупната енергија, во 2022 година тоа се намалило на 0,053 проценти.

Ваквите трендови се спротивни на владините одлуки и целите поставени во националните акциски планови за зголемување на учеството на енергијата од обновливи извори во транспортот.

Според податоците на „Евростат“, во 2022 година уделот на обновливите извори на енергија во транспортот достигна 9,6 проценти на ниво на ЕУ, што претставува зголемување од 0,5 процентни поени во споредба со 2021 година (9,1 проценти), но сепак е 0,7 п.п. под највисокото ниво досега постигнато во 2020 година (10,3 проценти).

Подготвено од М.Д.

 

About Author