nevreme

05.02.2024 Скопје

Бурата Ананас Експрес „коси“ во Калифорнија, а се очекува да продолжи и во наредните 48 часа.

Американските метеоролози оваа бура ја именуваа Ананас Експрес поради тоа што доаѓа од Хаваи.

Според веб-страницата powetoutage.us, речиси 900.000 луѓе останале без струја во вчерашното невреме, а издадено е и предупредување за можно откорнување на дрвјата и далноводите.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека ова може да биде историска бура, очекувајќи немилосрдни ветрови, грмотевици, дури и торнада.

Гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во градовите Лос Анџелес, Оринџ, Риверсајд, Сан Бернардино, Сан Диего, Сан Луис Обиспо, Санта Барбара и Вентура.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author