evra pari

21.02.2024 Скопје

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. Пресметката е под претпоставка за семејство од двајца родители и две деца, кои живеат во сопствен стан од околу 60 квадрати.

Со изнајмен стан од 60 квадрати минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денар и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.

Од ССМ велат дека околу 90.000 лица во Македонија земаат минимална плата, што е загрижувачки, бидејки овие луѓе живеат во сиромаштија.

Подготвено од М.Д.

About Author