opstina-kisela-voda

15.02.2024 Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека нема компромиси кога е во прашање спроведувањето на законите и апелира до надлежните институции да го расветлат случајот, работејќи непристрасно и водејќи се исклучиво според законите.

Ѓорѓиевски потенцираше дека правдата мора да излезе на виделина и при тоа да нема никакви негативни последици врз учениците и наставно-научниот процес.

„Нема компромис кога е загрозен законот. Директорката веднаш е разрешена. По добиените информации дека една директорка на основно училиште поседувала лажна диплома за странски јазик, донесов одлука за нејзино разрешување. При самиот избор, разгледувањето на документацијата и интервјуто од страна на училишниот одбор не било возможно да се увиди дека списите не се регуларни, при што е изготвен извештај за избор на најдобар кандидат, кој што ќе биде поништен, и наскоро училиштето ќе добие нов в.д. директор“, истакна Ѓорѓиевски.

Правдата мора да излезе на виделина, вели Ѓорѓиевски, при тоа да нема никакви негативни последици врз наставно-научниот процес и врз самите ученици.

„Апелирам надлежните институции да го расветлат случајот до крај, непристрасно, исклучиво водејќи се според законите. Врвен интерес преставува владеењето на правото и работата во интерес на сите граѓани на Општина Кисела Вода“, вели Ѓорѓиевски.

Подготвено од М.Д.

About Author