irak-turcija ne postignaa dogovor za nafta

14.02.2024 Скопје

Цената на нафтата на светскиот пазар е во пораст бидејќи тензиите на Блискиот Исток предизвикуваат загриженост дека ќе има прекини во снабдувањето.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е повисока за 43 центи и сега изнесува 82,43 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 54 центи на 77,46 долари за барел.

Претставници на САД, Египет, Израел и Катар се состануваат во текот на денот во Каиро за да се обидат да постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа, бидејќи повеќе од милион цивили побегнаа во Рафах во јужниот дел на палестинската енклава.

„Цената на нафтата е под влијание на настаните на Блискиот Исток. Еден неочекуван настан, проектил или ненадеен мировен договор и цената на суровата нафта ќе се помести за десет долари за барел“, вели пазарниот аналитичар Џон Еванс од компанијата „ ПВМ“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author