29.02.2024 Скопје
На самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Тирана, премиерот на Албанија, Еди Рама, оцени дека ЕУ повеќе подготвена отколку порано за проширување и земјите од регионот треба да напредуваат со новиот план за раст, порачувајќи им на лидерите на земјите од регионот да не губат време.
„Во новиот план за раст, јасно е дека треба да ги преземеме потребните чекори за да одиме напред, или да не успееме да седнеме на масата на ЕУ. Нашите економии не можат да цветаат со спречување на слободно движење. Или ние ќе создадеме мир за да работиме за нашата благосостојба, или спротивното кое нè спречува. ЕУ сега е повеќе подготвена да ни помогне да бидеме дел од неа. Не треба да го изгубиме овој прозорец за можност“, истакна албанскиот премиер Рама.
Рама оцени дека доколку се исполнат сите критериуми за заедничката зона за плаќање, ќе се намалат таксите за оние што живеат во странство да бидат поблиски.
„Со тоа, можеме да заштедиме, околу половина билион евра. Врз основа на искуството од „Отворен Балкан“, ова не е лесна работа. Ако успееме да ги вклучиме нашите 500 општини во Интернет -програмата на јавни места, што е нов близнак на ЕУ, можеме да го однесеме регионот на сосема друго ниво“, додаде Рама.
Исто така, албанскиот премиер Еди Рама упати апел до земјите од Западен Балкан, во овој процес „да ја напуштат старата балканска политика“.
Подготвено од А.Ѓ.