Image by senivpetro on Freepik

19.02.2024 Скопје

Работата од дома им овозможува на луѓето да се хранат поздраво, да чувствуваат помалку стрес и да имаат понизок крвен притисок, според студијата на Британската национална здравствена служба (NHS) и научниците од Кралскиот колеџ во Лондон.

Истражувањето опфатило преглед на речиси 2.000 академски трудови за работните места по пандемијата Ковид-19.

„Префрлувањето на работата од дома за време на Ковид беше поврзано со зголемување на внесот на зеленчук, овошје, млечни производи и грицки, додека истражувањето покажа дека младите и жените најмногу ја подобриле својата исхрана“, велат научниците.

Сепак, тие додаваат дека две студии укажале и на зголемување на телесната тежина од над 40 отсто кај луѓето кои работат од дома, како и дека овој тип на работа го претпочитаат вработените со повисоки примања, додека се покажало дека жените кои се грижат за малите деца се најмногу под стрес.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author