08.02.2024 Скопје
Експертите велат дека нашите соништа се допир со нашата потсвест.
Има луѓе кои воопшто не се сеќаваат што сонувале, па дури и мислат дека немаат соништа. Психијатарот и психотерапевт Владета Јеротиќ еднаш објасни што би можело да биде причината зошто некој го заборавил тоа што го сонувал.
„Луѓето кои ги забораваат своите соништа не сакаат да се спознаат себеси, јас сум зборувал за ова многу пати. Всушност, тоа значи дека не сакаат да го знаат своето негативно јас. Не е добро кога луѓето велат дека не се сеќаваат на соништата, а има и такви кои велат дека воопшто не сонуваат“, изјави тој.
Нема луѓе кои не сонуваат, науката тоа го докажа. Човек сонува секоја вечер и не мора да се сеќава на се, а обично тие утрински соништа се паметат. Не е добро да поминат еден месец, два-три, а да не се сетите на некој од вашите соништа. Тоа би било како да избегнувате да препознаете некој негативен дел во себе.
Деирдре Барет, професор по психологија на Харвард и автор на книга за квалитетен сон и сонување, истакна дека соништата се јавуваат откако ќе влеземе во фазата на РЕМ спиење.
„Луѓето кои имаат тенденција да размислуваат аналитички – почесто се сеќаваат на своите соништа, за разлика од оние кои се фокусирани на целта на нешто. Ако се разбудите при крајот на РЕМ фазата, кога телото само се подготвува за другите фази на спиење, најмногу ќе се сеќавате на вашите соништа“, додаде таа.
Подготвено од А.Ѓ.