21.02.2024 Скопје
Просветните работници од основните и средните училишта од Херцеговско-неретванскиот кантон протестираа во Мостар, бидејќи властите не ги исполнија нивните барања, вклучително и зголемување на основната плата за 15 отсто и исплата на еднократна парична помош според одлуката на Владата на Федерацијата БиХ.
Просветните работници пред кантоналната Влада порачаа дека нема да се откажат од борбата за своите права.
Покрај покачување на платите бараат можност за напредување во професијата, исплата на правосилни судски пресуди, систематски прегледи, распишување на конкурси на неопределено време, донесување нови педагошки стандарди со согласност на синдикатот и донесување на нови закони и прописи.
Претседателот на синдикатот на наставници на Херцеговско-неретванскиот кантон, Горан Миличевиќ, истакна дека бараат повисоки плати и единствен начин да се изборат за тоа е да се излезе на улица, бидејќи новата влада не води сметка за образование.
Един Сарајлиќ, претседателот на Основното училиште на Херцеговско-неретванскиот кантон, потсетува дека порано беше чест да се биде просветен работник, но сега се доведени на работ на очај.
Подготвено од А.Ѓ.