28.02.2024 Скопје
Астрономите пронајдоа три претходно непознати месечини во Сончевиот систем, две кои орбитираат околу Нептун и една околу Уран.
Далечните месечини се забележани со помош на копнени телескопи на Хаваи и Чиле, објави денеска Центарот за мали планети на Меѓународната астрономска унија.
„Една од новите месечини на Нептун го има најдолгото познато орбитално патување, за кое се потребни околу 27 години за да се заврши една орбита околу Нептун“, рече Скот Шеферд, астроном од Институтот за наука Карнеги во Вашингтон, кој помогна да се откријат трите месечини.
Месечината која орбитира околу Уран, со проценет дијаметар од само осум километри, е веројатно најмалата месечина на таа планета.
„Се сомневаме дека допрва треба да се откријат уште многу помали сателити“, додаде Шеферд.
Земајќи го предвид најновото откритие, 16 месечини орбитираат околу Нептун, а 28 околу Уран.
Подготвено од А.Ѓ.