shpionski softver

22.02.2024 Скопје

Европскиот парламент објави дека пронашол траги од шпионски софтвер на телефоните на политичарите и персоналот на неговиот поткомитет за одбрана.

Во интерен мејл на Европскиот парламент се наведува дека мобилните уреди се погодени од наметливи софтверски алатки за следење, а на сите пратеници им се советува да ги однесат телефоните во ИТ службата на оваа институција за да бидат проверени.

Европскиот парламент е во состојба на висока готовност поради сајбер напади и потенцијално странско мешање пред изборите за ЕУ ​​закажани за јуни.

Во декември внатрешната ревизија открила дека сајбер безбедноста на институцијата „сè уште не ги исполнила индустриските стандарди“ и „не е целосно пропорционална со нивото на закана“ што го претставуваат хакерите спонзорирани од државата и другите групи за закани.

Потпретседателот на парламентот, Делфин Колард изјави дека „на два уреди се пронајдени траги“, па затоа на членовите на комисијата им биле испратени мејлови во кои се повикуваат да ги проверат телефоните.

Во 2022 година истражувачите откриле дека телефоните на членовите на каталонското Движење за независност, вклучително и политичари од ЕУ, биле заразени со шпионски софтвер како „Пегазус“.

Во 2022 година, членовите на Европскиот парламент формираа специјален истражен комитет за да го истражи ова прашање, кој истражуваше серија скандали во земји како Шпанија, Грција, Унгарија и Полска и рече дека најмалку четири влади на ЕУ злоупотребиле алатки за хакирање за политичка корист .

Подготвено од А.Ѓ.

About Author