https://www.flickr.com/photos/torek/108646307/in/photolist-aAQLc-H9i2YM-7k9qLo-efJaZa-5w2bDy-NiFdx-efJaYR-efJaXV-49Q194-49Q1At-8ePaP3-3RpBG-53y7ma-KfeLFN-9Z9Jbj-53y7m8-aAQMm-AiAsgE-9Z9HBY-Fd3We-2ipEi5k-aAQNz-2ipJ6gA-BQK4-aAQJg-53y7mg-53y7mk-2ipF7C6-6wTVU8-4baDno-6kLZeu-2ipFy4r-4o94ky-2ipEi4J-2ipFy4w-53wvAQ-8LVygu-31ELsr-53y7mp-4D4AkM-6aNt1H-fSnKV-7AsSz3-9Rv5KU-7H8vTp-ci9jkC-RhLZz-4YabCg-4N9XsV-87c3uU

07.02.2024 Скопје

Од април до декември 2023 година, профитот на јапонскиот производител на видео игри, Нинтендо, се зголеми за 18 отсто на годишно ниво на 408 милијарди јени (околу 2,7 милијарди долари).

Приходите на компанијата во овој период се зголемиле за 7,7 отсто на 1,395 билиони јени.

Нинтендо очекува да продаде 15,5 милиони свои Switch конзоли во тековната фискална година која завршува на 31 март 2024 година, што е зголемување од претходната прогноза од 15 милиони продажби на конзоли.

Јапонската фирма соопшти дека видео играта „Super Mario Bros Wonder“ објавена во октомври имала „цврст почеток“ со продажба од 11,96 милиони.

Позитивно на продажбата влијаеше и филмот „Super Mario Bros Movie“ и главната видео игра „The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author