21.02.2024 Скопје
Републичкиот геодетски завод (РГЗ) на социјалната мрежа Х објави дека најскапиот гаражен простор во четвртиот квартал е продаден во белградската општина Стари Град, за 63.000 евра.
Официјалниот профил на РГЗ на Х е активен од јануари и оттогаш објавуваат ексклузивни информации кои се уште не се обелоденети во нивните редовни извештаи за пазарот на недвижности во Србија.
На X беше објавено и дека во последниот квартал од минатата година најскапиот стан е продаден во белградската општина Врачар, за 1,54 милиони евра – односно за 10.405 евра за метар квадратен.
Станува збор за стан од 148 метри квадратни, кој во исто време ја носеше титулата „најскап квадрат“ во тој период.
Кога станува збор за најскапата куќа, во четвртиот квартал од минатата година највисока цена е платена куќа во белградската општина Стари Град, од 1,9 милиони евра.
Подготвено од А.Ѓ.