dubrovachka televizija

28.02.2024 Скопје

Вработените во „Дубровачка телевизија“ два месеци немаат земено плата, па таа медиумска компанија од четврток ќе престане да емитува програма.

„Ни се обративте за вашите проблеми кога институциите потфрлија, а ние посветено работевме на терен токму поради вас. Тажни сме поради овој крај, но остануваме со надеж дека нашата работа нема да биде заборавена. Кој е одговорен за ситуацијата во која се најдовме? Одговори секако има многу, но ќе останеме одговорни и достоинствени, па нема да покажуваме со прст кон никого“, изјави Данијела Демарин Хасановиќ.

Никој од вработените не земал плата за јануари, а според информациите на мнозинскиот сопственик тешко дека ќе им биде платено се што направиле во февруари.

„Никој од нас не добива надоместок за прекувремена работа, ниту некогаш сме го побарале. Оваа работа ја работиме за љубов, но не живееме само за љубов, затоа веруваме во институциите на правната држава и ги преземаме сите чекори за земајте плата за се што направивме до денес. Почитувани гледачи, ви благодариме за вниманието и лојалноста долги 18 години“, рече Марија Њавро.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author