29.02.2024 Скопје
Норвешкиот Нобеловиот институт објави дека дури 285 кандидати се номинирани за Нобеловата награда за мир во 2024 година.
„Норвешкиот Нобеловиот институт има пријавено вкупно 285 кандидати за овогодинешната награда за мир, од кои 196 се поединци, а 89 се организации“, се наведува во соопштението.
Институтот забележува дека минатата година добил 351 валидна номинација, распределена меѓу 259 поединци и 92 организации, но најголем број номинации досега – 376 кандидати – биле примени во 2016 година.
Рокот за номинации за Нобеловата награда за мир за 2024 година истече на 31 јануари, се додава во соопштението.
Норвешкиот пратеник Мариус Нилсен го номинирал американскиот милијардер и претприемач Илон Маск за Нобеловата награда за мир во 2024 година.
Според извештајот, за оваа награда се номинирани Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО, Густаво Петро, претседател на Колумбија, Џулијан Асанж, основач на Викиликс, Дејвид Атенборо, британски екологист, Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН, Хинд Худари, палестински новинар и Доналд Трамп, поранешен претседател на САД.
Подготвено од А.Ѓ.