MEPSO

20.02.2024 Скопје

Орхан Муртезани денеска изјави дека има сомневања за голем корупциски скандал во МЕПСО. Муртезани е поранешен генерален директор на МЕПСО, висок функционер на Алтернатива, партија која е дел од опозицискиот блок на Албанците во Македонија. Тој ги повика обвинителството и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по допрен глас да реагираат на овој скандал.

Вчера беше објавено дека Управниот одбор на МЕПСО одобрил анекс вреден 3 милиони евра на веќе склучен договор со хрватската компанија Раде Кончар по завршувањето на рокот за изградба на трафостаницата Охрид. УО одобрил зголемување на цената за овој проект од 17,7% на основниот договор за неизградениот објект користејќи ги најскапите цени на градежни материјали.

„Многу е јасно дека во овој случај има корупција. Како поранешен директор на оваа компанија имам сознанија и документи кои можам да ги ставам на располагање.  Генералниот директор на МЕПСО треба да објасни како го променил заклучокот на Управниот одбор од февруари 2023 година. Кој им бил офицерот за врски што ја договорил зделката и во чии џебови треба да завршат овие пари. Зошто изгубија цела година без да преземат ништо во време кога цените на берза вртоглаво паѓаа? Зошто не го искористија истиот период да се ретендерира проектот и да се добие поевтина понуда од таа во 2019 година. Многу е јасно дека во овој случај има корупција. Сепак 8 мај е многу блиску. Тие заедно со менторот ДУИ прво ќе одат во опозиција, а потоа ќе одговараат пред лицето на правдата“, рече Муртезани.

Подготвено од М.Д.

About Author