https://www.flickr.com/photos/camerastrap/6451674241/in/photolist-8q57i8-5APKD-CPWDfP-DXCYA-o92hy1-51FHf3-4UQQdx-5wCFR-oZbVrw-4WfybU-fUNwb8-DWhW4-7HCBte-5hEW4Q-o827-HdmHK-dXSde9-3bx9i-4fuGVH-7MtBA-9CvMaq-aQ7vYM-eq1Mfo-abCwhn-haUoVB-3SKQGj-fUM7mV-pzdz2N-7yV9Zg-9CsRVe-7HGwZ5-3WhiZ-6KLuRB-564i3p-7HGwAY-6XTWVf-89299Q-5vPM6k-dPRri-L7Qst-7nhP6B-5UtYwQ-8e3MjP-6bK3Wv-92kdTE-8e3KHH-786B3r-6bK2Lx-KJv6Ej-5uGRoL

28.02.2024 Скопје

Новата полска влада сака да ја намали училишната програма за околу 20 отсто бидејќи смета дека наставниците и учениците се преоптоварени со обемната наставна програма.

Министерката за образование Барбара Новачка при посетата на училиште во градот Мисловице изјави дека се консултира со експерти како да се намали наставната програма која во средните училишта ќе почне да се применува од следната учебна година, на 1 септември.

„Намалувањето на материјалот би им овозможило на наставниците и учениците посмирено и подетално да го обработуваат материјалот што би резултирало со поефикасно образование“, соопштуваат од Министерството за образование.

Образованието е една од неколкуте области во кои новоизбраната влада на Доналд Туск се обидува да спроведе реформи по осум години владеење на десничарската партија Право и Правда (ПиС).

Во текот на изминатите 20 години, полските ученици напредуваа на тестот ПИСА, а според најновите резултати од програмата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која ги оценува знаењата и вештините во математиката, читањето и природните науки, Полска е над просекот.

Заедно со Финска, го забележа најдобриот резултат меѓу земјите на ЕУ на индексот на писменост, кој го оценува читањето со разбирање.

Меѓутоа, на тестот во 2022 година, полските ученици постигнаа полоши резултати од 2018 година, а владата на Туск тврди дека достигнувањата во образованието биле откажани со реформите спроведени од PiS.

Томаш Гајдеровиќ, заменик директор на Институтот за образовни истражувања, рече дека во последните две децении, Полска забележала едно од најбрзите подобрувања во историјата на рангирањето на ПИСА, но дека од 2018 година перформансите се влошени.

„Училиштата мака мачат да ја спроведат зацртаната наставна програма за време на задолжителното општо образование, кое владата на ПиС го скрати од девет на осум години, а има и сериозни проблеми со добросостојбата на наставниците и учениците“, рече Гајдеровиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

 

 

 

About Author