jugoslavijaa

26.02.2024 Скопје

На Фејсбук профилот „Реставрација на стари фотографии и видеа“ се појави снимка која предизвика носталгија кај многу граѓани на поранешна Југославија.

„Како изгледаа маркетите во поранешна Југославија во 1970 година…“, стои во описот на видеото на кое е прикажан ентериерот на продавниците во 70-тите години. На 21 илјада луѓе им се допадна оваа ретро објава, а многумина во коментарите се сетија како изгледаше шопингот во минатото.

„Маркет ко маркет, ама муштерии! Костум со вратоврска, нормален изглед, дами во капути, бунди, капи, ракавици, здолништа во секој случај“, „Ние кои сме родени во 70-тите успеавме да го почувствуваме и паметиме животот во Југославија колку што е можно.. На мене кој потекнувам од работничко семејство, баш ништо не ми недостигаше, имавме се, секој можеше да си дозволи на семејството се што му треба… Единствената разлика е што во тоа време на технолошки развој (што е неспоредливо со денешниот напредок) на југ навистина имаше се, и тој живот се живееше од плата, а не на кредит“, „И сè беше од нашите ниви и од нашите фабрики, денес не можам да најдам ништо“, напишаа оние кои се сеќаваат на тоа време.

Сепак, имаше и такви кои немаат толку убави спомени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author