jeton-sakiri

01.02.2024 Скопје

По завршувањето со реконструкцијата на покривите, фасадите, прозорците и подовите во 30 училишта, финализира инвестицијата на Министерството за образование и наука со проектот за поставување на фотоволтаици.

За овој голем проект Банката за развој на Советот на Европа ќе донира 1,1 милион евра и наскоро ќе биде потпишан договорот со банката. Ова беше договорено на денешната средба на министерот Јетон Шаќири со менаџерот на БРСЕ, Арно де Вердие.

Оваа инвестиција ќе овозможи дополнителни средства од заштедата на средства наменети за електрична енергија кои ќе се пренаменат за други активности во модернизација на образованието.

Подготвено од М.Д.

About Author