16.02.2024 Скопје
По наредба на европското обвинителство, полицијата упаднала во Министерството за култура на Хрватска и во моментов врши претрес на простории, компјутери и одредени лица кои се поврзани со штетата на европските фондови.
Претресот следел откако ЕПЈО покрена постапка против водачите на Геодетскиот факултет, осомничени за проневера на европски фондови.
Нема потврда дали овие активности на полицијата се поврзани со малверзации за кои веќе се осомничени челниците на Геодетскиот факултет.
Според досега расположливите податоци, никој не е уапсен, но, се наведува, истражителите сакаат да добијат податоци, пред се мејлови од кореспонденција и мобилни уреди на одредени лица, кои досега не ги собрале.
Подготвено од А.Ѓ.