palestinski premier

26.02.2024 Скопје

Палестинскиот премиер Мохамед Стајех денеска изјави дека поднел оставка и својата одлука му ја пренел на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Стајех истакна дека поднел оставка за да изгради поширок консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по израелската војна против Хамас во Појасот Газа.

Овој потег доаѓа во време на зголемен притисок на САД врз претседателот Абас да ја реорганизира палестинската самоуправа во време кога се интензивираат меѓународните напори за прекин на борбите во Појасот Газа и започнување на работа на создавање политичка структура за управување со енклавата по војната.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author