digitalni nomadi

21.02.2024 Скопје

Во целиот свет има се повеќе луѓе кои заработуваат за живот „од далечина“, па така и во последниве години актуелни се списоците на градови кои се најдобри, најлоши, но и најевтини и најскапи за животот на популарно наречените дигитални номади.

Оваа година, на изненадување на многумина, Тузла беше прогласена за досега најевтино место. Имено, како што пренесуваат британските медиуми, брзината на безжичниот интернет, но и цените на становите, храната и основните комунални услуги, биле вклучени во рангирањето на градовите.

Во ова истражување на Brohter UK, Тузла успеа да собере 76,29 поени од максимални 100, што и го обезбеди првото место на оваа необична ранг листа.

Британските медиуми наведуваат дека тоа е харизматичен град, со многу културни карактеристики. Исто така, доста благите зими и топли лета се голем плус за Тузла.

Британците го спомнуваат и Панонското Езеро, кое во бројни критики се карактеризира како вистински „урбан скапоцен камен“ на Тузла.

На второ место е романскиот град Орадеа со 72,93 поени, а Крајова исто така од Романија го зазеде третото место со 70,60 поени.

Во првите десет, поточно на 10. место се најде уште еден босански град – Сараево со резултат 61,22.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author