hrvatska vojska

26.02.2024 Скопје

Нов началник на Генералштабот на хрватските вооружени сили ќе биде генерал-мајор Тихомир Кундид, а ќе го замени адмиралот Роберт Храњ, чиј мандат истекува на последниот ден од февруари.

Постигнат е договор меѓу премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ за избор на нов началник на Генералштабот.

Кундид е роден во 1969 година во Вараждин.

Дипломирал на Машинскиот факултет и бил учесник во војната во 1990 година, а една година подоцна станал и припадник на Специјалната полиција.

Бил член на Втората гардиска бригада „Громови“, во која извршувал голем број командни функции.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author