21.02.2024 Скопје
Овој логор стар 1.800 години беше дом на повеќе од 5.000 војници од Шестата оклопна легија и се наоѓа во подножјето на Тел Мегидо во северен Израел. Во Книгата на Откровението, Тел Мегидо се споменува како место каде што ќе се соберат царевите на светот за последната битка, пред Бог „да го излее својот гнев“.
Неговото хебрејско име, Хар Мегидо, што значи планината Мегидо, на грчки беше преведено како Армагедон, што резултираше со неговиот сегашен прекар. Овој антички логор сега ја открива својата улога како огромна воена база, која служела како дом на римската војска речиси два века.
Јотам Тепер, водач на ископувањата за израелската управа за антиквитети (ИАА), наведува дека легијата го користела овој логор како своја постојана база 180 години, од 117 н.е. до 120 г. н.е. до околу 300 г. Кампот бил центар со два главни патишта, од каде се мереле и обележувале растојанијата до главните градови на северот на државата.
Со димензии 550 на 350 метри, овој камп се издвојува по својата големина. Покрај монументалните остатоци од јавни згради и главни патишта, археолозите откриле и остатоци од оружје, керамика, стакло и покривни ќерамиди, некои од нив означени со печатот на легијата.
Ова откритие не е случајно, туку резултат на долгогодишни археолошки истражувања и инфраструктурни проекти. Иако градбите не се целосно зачувани, овие археолошки ископувања дадоа увид во важноста на овој римски логор во историјата на регионот.
Подготвено од А.Ѓ.