06.02.2024 Скопје
Филолошкиот факултет„Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започна со спроведување на проект насочен кон подигнување на нивото на функционалната писменост во основното и средното образование.
Како што информира Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, во проектот учествуваат и неколку основни и средни училишта во земјава.
Проектот се планира да биде долгорочен. Во првата фаза, која ја вклучува 2024 година, фокусот е на функционалната писменост во областа на јазиците, односно на развивање на вештините на читање со разбирање, поврзување информации од различни извори, критичко размислување и аргументација.
Од Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје информираат дека се планира соработка и со други институции, како и вклучување на други области што се изучуваат во основното и средното образование.
Подготвено од М.Д.