https://www.flickr.com/photos/eu2017ee/36668748864/in/photolist-XShVw1-faEXpB-faVgrm-2mPjH9J-faVgEf-faEXhi-mGbETe-mGbkxx-2mPqakh-mGdfRd-mGbiSD-mGdiH5-2mVacDX-2mPoUPZ-faVduG-faEY42-faEYfe-2mPjHdg-2mPttMo-bpudKi-faEX7a-2mV1BVc-2mPoVjr-faF1yV-faEXBe-2mPoV2h-2mV1CBY-2mV75G4-2mV8nxC-2mPoUDi-2mV8ne6-2mPoV6v-2mV76dK-xL5YQ7-2mVacA5-2mPsjhC-2mPtx4i-rjyPVV-2mV1BXM-mGbBW2-2mV6thu-2mV767x-2mPoVga-2mPsgjJ-2mV1Cn4-25ZHqUb-2mV6sFQ-2mc8WVs-2mV75NM-2mPqb5U

02.02.2024 Скопје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го изрази своето задоволство што ставот на Будимпешта е почитуван на состанокот на Европскиот совет во Брисел, на кој беше решено прашањето за обезбедување средства за Украина.

„Мисијата е завршена. Унгарските фондови нема да завршат во Украина. Имаме контролен механизам. Нашиот став за војната во Украина е непроменет – ни треба прекин на огнот и мировни преговори“, рече Орбан на платформата Х (Твитер).

Орбан претходно истиот ден објави дека неговата земја добила гаранции дека средствата на Унгарија од фондовите на Европската унија нема да бидат испратени во Украина, поради што гласаше за испраќање пакет помош за Киев во вредност од 50 милијарди евра.

Според него, Унгарија имала две грижи – дека нејзините пари од фондовите на ЕУ ќе бидат испратени во Киев и дека Унијата ќе одлучи да додели пари на Украина „премногу долго без проверка“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author