https://www.facebook.com/photo.php?fbid=656543389169357&set=pb.100044411046937.-2207520000.&type=3

15.02.2024 Скопје

Денеска во 10 часот на градскиот плоштад во Гостивар, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата. Кандидатурата е поддржана од претседателството на партијата и од Европскиот сојуз за промени, коалицијата на Беса, Алтернатива и Демократско движење.

На прес конференцијата е најавено присуството на Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и на претставникот на Самоопределување Беким Ќоку.

На 17 февруари од страна на крилото на Зијадин Села закажан е конгресот на АА. Села сега е претседател на централното собрание на Алијанса за Албанците.

На 1 февруари Таравари изјави дека добил понуда од опозициските партии на Албанците во Македонија да биде нивен кандидат за претседател на претстојните избори, но тој изјави дека не бил заинтересиран.

„Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран“, рече Таравари.

Подгтвеноод М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *