16.02.2024 Скопје
Министерот за финансии на Кантонот Сараево, Афан Каламујиќ, оствари работна средба со градоначалникот на општина Центар Сараево, Срѓан Мандиќ, на која се разговараше за започнување заеднички пилот-проект што ќе им овозможи на граѓаните на Кантонот Сараево и општина Центар да плаќаат административни такси и да аплицираат за документи кои им се потребни.
Онлајн наплатата на административни такси е модерно и практично решение кое им овозможува на граѓаните брзо и лесно да плаќаат онлајн.
Овој систем им овозможува на граѓаните да користат различни начини на плаќање преку Интернет, без да чекаат во редици за плаќање.
Општина Центар ќе создаде безбедна онлајн платформа, преку која граѓаните лесно ќе можат да го најдат соодветниот формулар за плаќање данок, да ги внесат потребните информации и да ја завршат трансакцијата со само неколку кликања. Министерството за финансии ќе овозможи онлајн плаќањата да се објавуваат во реално време, а преку координација со општината ќе овозможи да се добие потврда за успешна уплата.
Подготвено од А.Ѓ.