26.02.2024 Скопје
Во јануари 1.077 компании во Германија поднеле барање за стечај, соопшти Германското здружение на стечајни администратори.
„Ако го набљудуваме само тековниот период, изгледа како да имаме бран на стечај. Меѓутоа, ако го споредиме сегашниот пораст со претходните периоди, можеме да заклучиме дека бројот на стечаи е само на нивоата пред пандемијата и далеку од максималните вредности за време на финансиски кризи“, велат од Здружението.
Од Здружението потсетуваат дека во март 2016 година стечај пријавиле 1.099 фирми.
Државните интервенции ги одржуваа компаниите во живот за време на пандемијата, па особено сега, во постпандемискиот период кога веќе нема државна поддршка, се чувствува значителен скок на бројот на стечајци.
Раководителот на Институтот за економски истражувања Лајбниц, Рајнт Гроп, рече дека не може да се каже дека има бран банкротства.
„Во моментов сме сведоци на голема структурна промена во економијата – премин од стари технологии и извори на енергија – од валкана во зелена енергија. Сето ова ги оптоварува компаниите и некои деловни модели повеќе не се конкурентни“, рече Гроп.
Особено е погодена градежната индустрија, која покрај високите трошоци поради зелената транзиција, трпи и од високите цени на енергенсите, но и од зголемувањето на каматните стапки и проблемите во синџирите на снабдување.
Вкупно, 81 градежна компанија поднесе барање за стечај минатата година, а како резултат на тоа, многу проекти низ Германија беа стопирани.
Подготвено од А.Ѓ.