09.02.2024 Скопје
Долгочекуваните налепници НМК за возилата пристигнаа во Министерството за внатрешни работи. Утре ќе бидат доставени во техничките центри од каде ќе можат да ги подигнат граѓаните. Од МВР немаат конкретен податок за колку возила се потребни налепници, но сметаат дека набавената количина ќе биде доволна за сите возила. Доколку се појави некој недостаток велат дека ќе набават уште налепници.
Иако првично беше предвидено налепниците да ги купуваат граѓаните по цена од 30 до 50 денари, сепак сега тие ќе бидат бесплатни за граѓаните на товар на МВР, кои ги набавија по различна цена во зависност од димензијата.
Обврската за замена на кодот МК со НМК на регистарските таблички на возилата во државава произлезе од одредбите на Преспанскиот договор со Грција.
Оние граѓани кои нема да имаат ваква налепница после 12 февруари нема да може да ја напуштат државата.
Подготвено од М.Д.