COP27, globalno zatopluvanje

13.02.2024 Скопје

Обединетите Арапски Емирати, Азербејџан и Бразил соопштија дека создаваат нов тристран формат за да се залагаат за меѓународен договор за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.

На минатогодишната конференција КОП28 во Дубаи домаќини беа Обединетите Арапски Емирати, додека пак Азербејџан ќе биде домаќин на овогодишниот самит.

Во 2025 година домаќин ќе биде Бразил.

Трите земји добија мандат од 198-те потписнички на договорот од Дубаи да работат заедно на патоказ за спречување на глобалното затоплување до 1,5 степени Целзиусови, клучна климатска цел која беше сериозно загрозена од глобалните емисии на стакленички гасови.

Претседателот на КОП28, Султан Ал Џабер, изјави дека форматот помага да се обезбеди континуирана соработка потребна за да се задржи на повидок ѕвездата-водилка од 1,5°C – од Баку до Белем и пошироко.

Експертите на ОН велат дека светот сè уште е на пат да се загрее меѓу 2,5 и 2,9 степени овој век.

Според Меѓувладиниот панел за климатски промени, ограничувањето од 1,5°C најверојатно ќе биде достигнато меѓу 2030 и 2035 година.

Партнерството на оваа тројка треба „значително да ја зајакне меѓународната соработка и меѓународната поволна средина за да ги поттикне амбициите во следната рунда на национално определени придонеси“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author