21.02.2024 Скопје
Соединетите Американски Држави ќе воведат нови санкции против Русија поради смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, соопшти портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
Тој додаде дека „голем пакет санкции“ ќе биде објавен во петок на 23 февруари.
„Русија ќе одговара со санкции за она што му се случи на господинот Навални, како и за нејзините постапки за време на војната во Украина“, рече Кирби.
Американски официјален претставник одби да даде дополнителни детали за пакетот санкции.
Тој посочи дека Вашингтон не утврдил како загинал Навални, но рече дека „одговорноста за тоа е на рускиот претседател Владимир Путин“.
„Без оглед на официјалното објаснување, Путин е одговорен“, рече Кирби.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во петокот на 16 февруари, потврди руската Федерална поправна служба за областа Јамало-Ненец, додавајќи дека Навални се чувствувал лошо по утринската прошетка и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран.
Навални отслужил 30-годишна затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а бил познат и како остар критичар на Кремљ.
Подготвено од А.Ѓ.