https://www.flickr.com/photos/jeepersmedia/14503110171/in/photolist-4ziPjz-8LsQ11-59JmgP-83Qprk-2nBL78D-9naMnr-6e3wyh-6KJcKQ-o9W4CN-9pejL-81WEVc-ucbQkN-BMpEC-7BjAWd-23N1mJn-6DDKDp-TAUfob-akZCLf-2gTSWqv-5r8SyV-SXuTFp-22MNmZH-7vJWe1-Gorksc-dtew8G-5RVAvq-5K2XYW-bLXqS-ofA4c-7oDKaU-bqcSRT-33j5Gc-b6rBMv-51oEqb-8PbtKT-2aiqp-nouGkV-7KmkRj-ECU8b-QT6SCA-6Rqywv-o6AenD-a8J3wD-27Gc1NS-2iigspz-nWLwpL-n7UEJj-9MTcgR-6iyiQr-pBL3Zi

16.02.2024 Скопје

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 22.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,029%, кај дизелот за 3,417%, кај екстра лесното масло за 2,626% и кај мазутот зголемувањето е за 2,167%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,061%

Од 16.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар);
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар);
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,50 (денари/литар);
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар);
  • Мазут М-1 НС 40,732 (денари/килограм);
  • Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.

Подготвено од М.Д.

About Author