02.02.2024 Скопје
Американската амбасадорка во Република Северна Македонија, Анџела Агелер во интервју зборуваше и за црната листа на САД за македонски политичари и бизнисмени и дека најпоставувано прашање и било дали годинава на неа ќе се најдат нови имиња.
„Не знам дали ќе има нови имиња на „црната листа“ пред мај, но постојат шанси да има. Голем број на имиња се разгледуваа и прозивките ќе продолжат“, вели американската амбасадорка во Република Северна Македонија.
Агелер во однос на судството кај нас рече дека САД го поздравува секој напор и секој закон со која се бара отчетност.
„И ако таму се луѓето кои ние ги прозвавме за корупција, ја поздравуваме иницијативата за раководството, судството, обвинителите и чуварите на законот и редот да ги имаат в предвид и нив. Од луѓето треба да се бара одговорност. Ние немаме претставници на законот тука, ниту тоа некогаш би било соодветно, но ја поздравуваме иницијативата. Мислам дека врз основа на она што го слушнав од луѓето и тие го поздравуваат тоа. Донесувањето на законот сам по себе нема да смени ништо. Мора да се спроведе тој закон. Откако ќе биде донесен, се надевам дека потоа ќе реагира судскиот сектор. Обвинителите и иследниците ќе го направат она што им е работа, ќе испитаат и ќе најдат докази за злоуппотреба како што најдовме ние“, рече Агелер.
Подготвено од М.Д.