08.02.2024 Скопје
Вулкан во југозападниот дел на Исланд еруптира денеска, по втор пат оваа година, јавија локалните медиуми.
Тоа е шеста вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година.
Претходната ерупција започна на 14 јануари и траеше околу два дена, а лава се излеа во предградијата на рибарскиот град Гриндавик, чии речиси 4.000 жители беа евакуирани, а некои куќи се запалија.
Подготвено од А.Ѓ.