16.02.2024 Скопје
Американскиот производител на спортска опрема Nike планира да отпушти два отсто од својата глобална работна сила, или повеќе од 1.600 луѓе, со цел да ги намали трошоците.
Според интерните информации од вработените, првата фаза од отпуштањата ќе започне денеска, а втората фаза ќе биде завршена до крајот на тековниот квартал.
Не се очекува отпуштањата да влијаат на вработените во продавниците на Nike, дистрибутивните центри или персоналот на тимот за иновации.
Фирмата ќе ги искористи ресурсите за да ги зголеми инвестициите во сегменти како што се опрема за трчање, женска облека и брендот Џордан, изјави извршниот директор на Nike, Џон Донаху во меморандум до вработените.
Во декември, Nike ги намали очекувањата за годишни приходи и започна план за заштеда на трошоците што треба да ги намали трошоците за 2 милијарди долари.
Подготвено од А.Ѓ.