https://www.facebook.com/photo/?fbid=636126724549659&set=pcb.636128074549524

06.02.2024 Скопје

Седницата на албанското Собрание траеше само 15 минути, поради протестите и викањето на опозициските демократи, кои насилно влегоа во салата.

Премиерот Еди Рама, кој беше присутен на вчерашната седница, не можеше да зборува, а демократите се обидоа да дојдат до него, но беа спречени од обезбедувањето.

Претседателката на Собранието, Линдита Никола, ја обвини опозицијата дека гледа само на сопствените потреби, а не и на народот.

Албанскиот парламент пред една недела исфрли неколку демократски пратеници, но дел од нив успеаја да влезат во собранието.

Демонстрантите се собраа и пред зградата на парламентот и се судрија со полицијата.

Веќе подолго време се повторуваат инциденти во Собранието на Албанија, а за време на нив пратениците од опозицијата палеле факели и фрлале столчиња.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author