05.02.2024 Скопје
Експериментална доза од вакцината против рак, развиена од компанијата Модерна, ја доби 81-годишен човек од Англија на кому му е дијагностициран неизлечив рак на кожата.
Овој 81-годишен човек од Англија е првиот пациент во светот кој има добиено доза од оваа експериментална вакцина.
Инјектираниот генетски РНК материјал имитира маркери пронајдени на клетките на ракот и му помага на телото да се бори со нив. Овој систем работи на сличен начин како и борбата против пандемија.
Д-р Дејвид Пинато и неговиот тим од „Imperial College NHS Trust“ во Лондон тестираат дали вакцината е доволно безбедна за тригодишно глобално тестирање. Пинато се надева дека ќе може прво да лекува рак на кожата и белите дробови, а потоа и други цврсти тумори како што се ракот на дебелото црево или дојката.
Д-р Кајл Холен од Модерна вели дека истражувачите се возбудени поради раните резултати.
Професорот Питер Џонсон, директор на NHS за рак, рече дека вакцините против рак може да бидат револуционерни.
Испитувањето ќе трае три години и ќе регрутира пациенти ширум светот.
Подготвено од А.Ѓ.