https://www.flickr.com/photos/132852944@N05/43625200750/in/photolist-59jvpj-e3Hprp-e3P417-2ndtqA2-aqtkn5-okpwSw-2gQmdNq-pPguet-25xsc8n-5JccQg-MS9xQ9-YGpqQC-9VurXV-aqb1VY-bZX9Vm-oU5Bvr-qnPWUh-7uzMuS-nm1yUG-SpGLpC-5MAfUf-77wdZg-njfqc9-oZfEks-HfNYuH-ohfdsi-r5gpWd-hWZWao-jMbfmz-9qKySN-gcxt97-9YaoGG-2ejRKhQ-ab5aeB-vhgeg-29t1yiC-fvhea8-4FxUkM-pys1mR-96BEd4-83df9c-nnCwvG-ebm8A6-axCKoE-bVV5fc-zTiYUs-2d1DVqt-gs3Vs7-27mmj2E-e73vhQ

06.02.2024 Скопје

По трговијата со дрога, шверцот на нелегални цигари стана нов „бизнис“ за мексиканските картели, кој годишно може да им донесе 25 милијарди долари.

Панама игра важна улога во шверцот на цигари, бидејќи во пристаништето Колон постојано пристигнуваат десетици контејнери со нелегални цигари, за да се извезат во други земји.

Споредено со извозот на дрога и оружје, шверцот на цигари од нарко бандите е зголемен во последните години, предупредуваат пристанишните власти и групите во заедницата во Латинска Америка.

Пензионираниот колумбиски полициски генерал Хуан Карлос Буитраго Ариас, водач на јавно-приватниот сојуз меѓу Колумбија, Еквадор и Панама за борба против криминалот, рече дека цигарите станаа нова гранка на „бизнисот“ за мексиканските криминални организации како што е картелот Синалоа.

Според неговото истражување, картелите кои шверцуваат кокаин, метамфетамин и фентанил ги користат истите мрежи и рути кои ги користат за шверц на нелегални цигари, главно од Азија.

Ариас вели дека картелите во Мексико заработуваат 25 милијарди долари годишно од шверц со цигари, што сочинува 30 отсто од пазарот на црни цигари.

„Во нашите извештаи, откривме дека Мексико игра слична улога како Панама, во однос на влијанието на меѓудржавниот организиран криминал. Конкретно, дилерите на дрога шверцуваат цигари, алкохол, облека, како и злато, за да ја заработат трговијата со дрога“, истакна тој.

Ариас вели дека во 2019 година, додека бил активен генерал во колумбиската полиција, бил на чело на операција насочена кон разбивање на шверцот на цигари и алкохол шверцувани од картелот Синалоа и заплена на 100 милиони долари од бандите на Хоакин Гузман Ел Чапо во Лос Анџелес.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author