zeleno smuti napitok

29.02.2024 Скопје

Исцедете лимон во чаша млака вода и испијте го на празен стомак, ова е напиток кој е добро познат како стимулатор за губење на вишокот килограми, а обезбедува и оптимална доза на витамин Ц.

Имено, сокови можете да пиете секој ден, од понеделник до недела, тие се многу лесни за правење, станува збор за практични состојки кои не се тешки за добивање. Наутро, течноста е неопходна за да се стимулира метаболизмот и да се стартуваат „соковите“ во телото.

Детоксикацијата е нормален процес на телото на отстранување или неутрализирање на токсините преку дебелото црево, црниот дроб, бубрезите, белите дробови, лимфните жлезди и кожата. Целта на детоксикацијата е да се отстрани вишокот маснотии од црниот дроб, да се ослободи жолчката повторно да работи правилно, да се елиминира токсичниот отпад, да се растворат акумулираните камења во жолчката и црниот дроб и да се регенерираат оштетените и уништените клетки на црниот дроб.

Понеделник – вода со коријандер

Растението коријандер промовира губење на тежината и исфрлање на вишокот вода од телото. Богат е со калиум, железо, магнезиум, калциум и фолна киселина. Оваа вода можете да ја пиете секој понеделник. Во 750 мл вода ставете 3 лажички семки од коријандер, оставете да зоврие и испијте како топол напиток.

Вторник – вода со тилчец

Наменет е за чистење на црниот дроб и бубрезите. Во чаша вода ставете семки од тилчец и оставете да отстои преку ноќ. Пијте го наутро на празен стомак, го поттикнува слабеењето и го регулира нивото на шеќер во крвта.

Среда – мед и цимет во вода

Овој пијалок е сладок, па многу луѓе го сакаат. Добар е за слабеење и детоксикација и го поддржува имунитетот. Медот и циметот се добро познати во здравата исхрана. Рецептот е едноставен – додадете половина лажичка цимет во чаша зовриена вода и кога водата ќе биде на собна температура, додадете една лажичка мед.

Четврток – вода со лимон и ким

Лимонот и водата се познат пар за детоксикација. За овој напиток, прво ставете една лажичка семки од ким во половина литар вода, а кога ќе зоврие извадете ги семките и додадете го сокот од половина исцеден лимон. Идеален е за намалување на чувството на надуеност, слабеење и регулирање на маснотиите.

Петок – вода и ајован

Ајован е индиска билка позната по својата способност да го забрза метаболизмот. За пијалок, во зовриена вода додадете семе од ајова, дозата е 4 чаши. По готвењето оставете го да отстои 10 минути. Пијте додека е топло.

Сабота – ветивер пијалок

Овој детокс еликсир е добар за релаксација, помага при несоница, го промовира отстранувањето на масните наслаги и и дава свежина на кожата. Сварете го коренот на ветиверот, процедете го и пијте го додека е млак.

Недела – топла вода со лимон

Исцедете лимон во чаша млака вода и испијте го на празен стомак. Овој напиток е добро познат како стимулатор за губење на вишокот килограми, а ќе добиете и оптимална доза на витамин Ц.

Ефективноста на овие пијалоци е можна само со здрава исхрана, а секој организам е посебен за себе, па затоа е важно да се консултирате со вашиот лекар пред да ги користите овие пијалоци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author