09.02.2024 Скопје
Скоро половина од буџетот на Јавното претпријатие (ЈП) Државни патишта или 46 отсто од 55 милиони денари се пари кои се однесуваат на изработка на проектни документации, извршени експропријации, изградби, реконструкција и рехабилитација на државните патишта и нивен надзор, а за дел од нив е утврдено недостаток на системски и аналитичен пристап и недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата, што предизвикало зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба и реконструкција на делниците, покажува ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на ЈП Државни патишта, за 2022 година што ја направи Државниот завод за ревизија (ДЗР) што беше објавена денеска.
Со извршената ревизија констатирани се и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива. Најмногу отстапки и неправилности ДЗР утврдил при изградбата на автопатот Кичево – Охрид.
ДЗР констатирал дека поради појавени непредвидливи и дополнителни работи кај дел од основните проекти биле направени и по 42 измени и дополнувања, како и продолжувања на рокот за градење на делниците од осум месеци до шест години. Најмногу варијации, најголемо продолжување на рокот и зголемување на вредноста на договорот од 45 отсто или 187 милиони евра има кај изградбата на патната делница Кичево – Охрид.
Со извршената ревизија констатирани се и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива.
Од ДЗР велат дека за надминување на констатираните состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.
Подготвено од М.Д.