20.02.2024 Скопје
Минатата година најголемите европски банки првпат ја надминаа добивката од 100 милијарди евра, откако зголемувањето на каматните стапки овозможи рекордна заработка на повеќето.
Нето приходот на 20-те најголеми банки во континентална Европа, кои ги презентираа своите резултати, се зголеми на 103 милијарди евра од 78 милијарди евра една година порано.
Американските медиуми јавуваат дека три четвртини од групацијата оствариле најголем профит во својата историја, а зголемувањето на профитабилноста им овозможило на банките да го зголемат износот на пари што им го враќаат на инвеститорите и да ги зајакнат своите акции.
Иако огромниот скок на профитот ќе биде тешко да се повтори бидејќи бранот високи стапки стивнува, многу банки се оптимисти дека зголемениот приход од провизии ќе им овозможи да продолжување на растот на профитот.
Подготвено од А.Ѓ.