dron iran nov

05.02.2024 Скопје

Директорот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдал Рахман, изјави дека пет членови на специјалната единица на СДФ беа убиени, а уште 20 се ранети.

Абдал Рахман додаде и дека беспилотните летала ја нападнале најголемата база на коалицијата предводена од САД во источна Сирија веднаш по полноќ.

За нападот одговорноста ја презеде Исламската група на отпорот.

Оваа проиранска група се противи на американската поддршка за Израел во Појасот Газа.

Според Рахман, нападот погодил дел од СДФ внатре во базата. Тие додаваат дека тоа е прв напад на проирански групи врз американски бази по минатонеделните напади на американските сили во Сирија и Ирак.

Минатата недела, на 28 јануари, тројца припадници на вооружените сили на САД го загубија животот во напад со дрон врз база во Јордан, а повеќе од 40 други лица беа ранети. Вашингтон ги обвинува силите поддржани од Иран. САД во петокот одговорија со серија напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author