08.02.2024 Скопје
Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Република Северна Македонија сметаат анкетираните граѓани од мерењето на јавното мислење кое го спроведе Институтот за Политички истражувања Скопје.
Граѓаните од изборната единица 2 на прашањето кој според вас е најголем проблем со кој се соочува Република Северна Македонија, односно кој мора под итно да се реши, дури 41.6 проценти од испитаниците одговориле дека тоа е криминалот и корупцијата, 19.4 проценти сметаат дека тоа е економијата и животниот стандард, 6.4 проценти сметаат дека тоа е невработеноста. Потоа 6.3 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека најголем проблем со кој се соочува државата е квалитетот на образованието, 5.8 проценти одговориле дека тоа се високите цени, а само 4.8 проценти од испитаниците рекле дека проблем кој треба под итно да се реши се поврзани со локални прашања, евроатланските интеграции и односите со соседите се под 1 процент.
И граѓаните во шестата изборна единица сметаат дека најголем проблем е криминалот и корупцијата. Имено, на истото прашање кој е најголем проблем со кој се соочува Република Северна Македонија, 33.1 процент одговориле дека тоа е криминалот и корупција, 19.7 проценти одговориле дека тоа е економијата и животниот стандард. Како трет најголем проблем со кој се соочува државата е невработеноста, потоа со 8.8 проценти тоа се високите цени, 4 проценти локалните прашања 3.8 проценти рекле дека тоа е квалитетот на образованието, додека најмал проблем или нешто повеќе од 1 процент гледаат во евроатланските интеграции и односите со соседите.
Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во изборната единица 2 на 1002 испитаници односно 1001 испитаник во изборната единица 6 со забележана грешка од плус минус 3 проценти.
Подготвено од М.Д.