20.02.2024 Скопје
Хрватска доби образложено мислење од Европската комисија за прекршување на европското право поради непочитување на директивата за поморска стратегија и доколку не одговори на Комисијата во рок од два месеца, и се заканува тужба.
Хрватска на 7 февруари доби образложено мислење од ЕК, како и Данска, Грција и Малта. Земјите-членки беа обврзани да ги ревидираат и дополнат своите програми на мерки до 31 март 2022 година.
Во февруари минатата година ЕК испрати официјални предупредувања до некои од земјите членки да го сторат тоа, а некои го сторија тоа, но Хрватска, Данска, Грција и Малта не.
Рамковната директива за поморска стратегија е сеопфатна политика за заштита на морското богатство на европските мориња, истовремено овозможувајќи одржливо користење на поморските добра и услуги.
Директивата бара од земјите-членки на ЕУ да ја проценат состојбата на квалитетот на морските ресурси, да утврдат соодветни цели и да развијат соодветни програми за мониторинг.
Од нив се бара и да спроведат мерки за постигнување на клучната цел на директивата за постигнување „добар еколошки статус“ за сите морски води.
Хрватскотот Министерство за економија и одржлив развој истакна дека во соработка со другите надлежни органи интензивно работи на завршување на сите пропишани процедури за што поскоро документот да биде усвоен од Владата, што е клучната формална претпоставка за завршување на оваа постапка.
Министерството го оправдува доцнењето, меѓу другото, поради обемноста на темите на документот, како и обемот на обврските кои произлегуваат од директивата кои мора да се земат предвид при утврдувањето и усогласувањето на мерките. Во него се наведува и интегралниот карактер на програмата за мерки 2022-2027 година, како и сложеноста на постапката за стратешка оцена на влијанието врз животната средина.
Подготвено од А.Ѓ.