21.02.2024 Скопје
За време на градежните работи во Берлин е пронајден остаток од бомба од Втората светска војна, тешка 250 килограми.
Бомбата ќе биде отстранета денес.
Експлозивната направа била пронајдена нешто пред пладне од работници на градилиште во берлинската населба Шмаргендорф. Бидејќи бомбата не претставува непосредна опасност, полицијата најави дека ќе биде отстранета во среда.
Пристапот до местото каде што се наоѓа бомбата е затворен, а полицијата ќе дежура на таа локација до нејзино отстранување. Од безбедносни причини, областа во радиус од 500 метри околу бомбата беше блокирана.
Според полициските најави, наредена е евакуација на околу 7.500 лица кои живеат во 30 станбени блокови.
Подготвено од А.Ѓ.