crvena linija avtopat

26.02.2024 Скопје

Владата на Андалузија неодамна за прв пат повлече црвена линија каде порано имаше двојна солидна бела линија.

Оваа црвена линија, повлечена на државниот пат А-355 во Малага, еден од најопасните во Шпанија, означува важен чекор во подобрувањето на безбедноста на патиштата.

Бидејќи двојната бела линија очигледно не ја исполни својата цел, Шпанците повлекоа црвена линија над неа, надевајќи се дека тоа ќе биде јасно предупредување за возачите да останат во нивната лента и дека претекнувањето е забрането. Оваа мерка има за цел да го намали бројот на сообраќајни незгоди и да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Покрај црвената линија, предвидено е долж патот да се постават и четири едукативни радари или дигитални знаци.

Тие ќе ги информираат возачите за нивната моментална брзина и ќе ги потсетуваат на максималната дозволена брзина, што дополнително придонесува за безбедноста на патот. Доколку црвената линија не ги спречи возачите да прават прекршоци, надлежните во краен случај најавуваат воведување камери и радари кои ќе ги покриваат критичните точки.

Овие иницијативи доаѓаат како одговор на високата стапка на сообраќајни несреќи на патиштата во текот на изминатата година, кога на него загинаа дури десет лица.

Исто така, патот, отворен во 2014 година со предвидена дневна фреквенција од 7.000 возила, сега речиси го удвојува тој број. Имено, дневно низ него минуваат речиси 20.000 возила, меѓу кои и голем број товарни возила.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author