17.02.2024 Скопје
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека американската држава ќе формира база за воен персонал на американско-мексиканската граница во близина на Игл Пас, како дел од напорите за обезбедување на границата од илегална имиграција.
„Со цел да ги прошириме нашите гранични безбедносни капацитети, градиме нова воена база која ќе и овозможи на Националната гарда на Тексас да ги зајакне и подобри операциите во оваа област“, рече Абот.
Според него, изградбата на базата е веќе започната на површина од 80 хектари земјиште.
Тој истакна дека базата ќе им овозможи на повеќе членови на Националната гарда да работат поефикасно во Игл Пас.
Абот додаде дека базата, доколку е потребно, ќе има капацитет да смести до 2.300 војници.
Подготвено од А.Ѓ.