22.02.2024 Скопје
Министерството за образование и наука (МОН) известува за можноста за добивање стипендија за студирање и професионално усовршување на високообразовните установи во Република Хрватска за академската 2024/2025 година.
Крајниот рок за доставување на апликациите е 20 март 2024 година (хартиена верзија) во архивата на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.
„Покрај ова, потребно е апликацијата со сите барани документи да се испрати на е-адресите: scholarships@mon.gov.mk, laura.cana@mon.gov.mk и aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk.
Подготвено од М.Д.